петок, 18 октомври 2024

Маск и Зукерберг во „кафез“ на 26 август

Објавено на

часот

Сподели

Објавата на Маск ја сподели и извршната директорка на Твитер, Линда Јакарино, која напиша дека ќе го „исчисти својот календар“.

Според Зукерберг, Маск треба допрва да ја потврди својата достапност за борбата што треба да се случи подоцна месецов, јавува „Врџ“. Како датум за одржување на борбата, Зукерберг го предложил 26 август.

„Подготвен сум денес“, напиша извршниот директор на Мета во неделата.

Како одговор на објавата на Маск дека борбата ќе биде стримувана во живо на „Х“, а приходите ќе бидат наменети за добротворни цели, Зукерберг напиша дека треба да користат „посигурна платформа“ која всушност може да собере пари за добротворни цели. Фејсбук и Инстаграм имаат вградена функција за собирање средства, додека Твитер, односно „Х“, нема.

Предлогот за борба во кафез датира од јуни, кога двајцата милијардери преку серија објави на своите социјални мрежи се согласија да се борат.

По ова, се појавија фотографии од Маск кој тренира со Лекс Фридман, компјутерски научник и борач во бразилско џиу-џицу, како и со шампионот на УФЦ, Џорџ Сент Пјер.

Зукерберг, пак, објави фотографија на која се гледа дека исто така тренира со двајца УФЦ шампиони и тоа со Израел Адесанја – шампион во средна категорија, инаку државјанин на Нигерија и Нов Зеленд и со Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски кој е носител на титулата во лесна категорија.

Разговорите за борбата започнаа откако Марк Зукерберг ја најави социјалната мрежа Тредс, која наликува на Твитер.

Останува нејасно дали борбата во кафез ќе се одржи, а доколку се случи, според обложувалниците, фаворит е Зукерберг кој е виден како тренира, па дури и победува во борби со мешани боречки вештини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ