четврток, 6 март 2025

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени од Министерството за ветерани

Американското Министерство за ветерани (ВА) планира да отпушти повеќе од 80.000 вработени, или 15 отсто од својата работна сила, најави министерот Даг Колинс, како дел од драстичните намалувања што претседателот Доналд Трамп сака да ги направи на федералниот апарат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Наша цел е да ги намалиме нивоата на вработеност во Министерство за ветерани на нивоа од 2019 година на приближно 398.000 вработени, што е пад од сегашните 470.000 вработени“, рече министерот во видео изјава.

Колинс ја оправдува оваа мерка со потребата од „поефикасни, поодговорни и транспарентни“ услуги. Овие кратења на персоналот ќе бидат направени „без кратења во грижата или бенефициите за ветераните“, додаде тој.

Доналд Трамп за време на својата изборна кампања вети дека ќе го намали товарот на федералната влада и трошоците, а потоа го назначи својот мултимилијардер сојузник Илон Маск на чело на Комисијата за владина ефикасност (ДОГЕ). Шефот на Тесла и Спејсекс започна голема офанзива чија цел е драстично намалување на јавната потрошувачка, а неговите методи се осудени од демократите и синдикатите, кои ги сметаат за брутални.

Министерството за прашања на ветераните има втор по големина број работници по Пентагон и неговите околу 750.000 цивилни вработени, но многу повеќе од Министерството за домашна безбедност, кое имаше околу 260.000 вработени во 2024 година. Во меморандумот што на увид го имал АФП се вели дека одделот „остро ќе оди напред, со прагматичен и дисциплиниран пристап, за да го идентификува и елиминира трошокот, да го намали управувањето и бирократијата, да го намали опсегот (на одделот) и да ја подобри ефикасноста на персоналот“.

Во Соединетите Држави, почитивањето и восхитувањето на јавноста кон војската и ветераните се суштински компоненти на општественото ткиво. Ваквата иницијатива на администрацијата на Трамп затоа може да се покаже ризична од изборна перспектива. Федералниот синдикат, Американската федерација на владини службеници, која претставува 311.000 вработени во ВА, го осуди планот, кој ќе ја „уништи способноста на одделот“ да ги „исполни своите ветувања“ кон поранешните војници.

Според неговиот претседател Еверет Кели, одделот има „недостаток на персонал“ со години и таквиот „грабеж може само да ја влоши ситуацијата“. „Додека не дојдоа Илон Маск и Доналд Трамп, Америка никогаш не им сврте грб на своите ветерани и нивните семејства“, додаде тој во изјавата.

Неколку демократски пратеници, исто така, изразија противење на проектот.

„Ова намерно демонтирање не е само опасно, тоа е чисто предавство на ветераните“, рече претставникот на Калифорнија Марк Такано во изјава. За сенаторот Пети Мареј, „Доналд Трамп и Илон Маск го засилуваат својот масовен и немилосрден напад врз ветераните“.

Навед Шах, политички директор на Заедничката одбрана, група на ветерани, ги осуди планираните отпуштања. „Тој уништува систем кој е дизајниран да се грижи за нашите браќа и сестри во оружје“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ