петок, 26 јули 2024

Маск го исфрли Косово од Икс (Твитер)

Корисниците од Косово на тој социјален медиум отсега можат да се регистрираат со повикувачкиот број на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Социјалната мрежа Икс неодамна ја укина можноста за регистрирање на корисници со телефонски броеви на косовските оператори.

На ситуацијата први укажаа корисници на мрежата, наведувајќи дека се отстранети Косово како држава и повикувачкиот број +383.

Многу корисници се обиделе да ги регистрираат своите нови профили користејќи ги броевите на косовските оператори, но без успех.

Косово го нема ниту на списокот на земји во опциите за промена на телефонскиот број во корисничкиот профил при регистрација.

Корисниците од територијата на Косово отсега можат да се регистрираат со помош на повикувачкиот број на Србија.

Оваа одлука наиде на различни реакции кај корисниците, а сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск, презеде конкретни чекори за спроведување на промените.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ