четврток, 26 декември 2024

Маск ги критикува италијанските судии за одлуката за мигрантите: „Тие судии треба да заминат“

Американскиот милијардер Илон Маск се вмеша денес во напнатата расправа за емигрантската политика на италијанската десничарска влада и ги критикуваше судиите на таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Прозваните судии од Рим го отфрлија вчера задржувањето на втората група мигранти префрлени во центрите во Албанија според договорот на Тирана и Рим, и го проследија случајот до Судот на правдата на Европската Унија.

Останувањето на првата група мигранти испратени во центрите во Албанија минатиот месец исто така го отфрлија италијански судии кои се повикаа на неодамнешна одлука на Судот на правдата на ЕУ која го доведува во прашање тоа како Италија одредува земји како „безбедни“ за враќање на мигрантите во нивните земји на потекло.

„Тие судии треба да заминат“, искоментира на својата социјална мрежа Икс Илон Маск, најбогатиот човек во светот кој одигра важна улога во реизборот на републиканецот Доналд Трамп за американски претседател.

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, лидер на крајно десничарската и антиемиграциска Лига, одговори на англиски: „Маск е во право“.

Демократската партија од левиот центар, главната опозициска партија во Италија, од другата страна го осуди тој коментар како „неприфатливо мешање“ во италијанските работи.

Реагираа и италијанските судии.

Адвокатот Ернесто Карбоне, членот на Високиот совет на судството, ги осуди „новите олигарси“ кои имаат намера да ја „контролираат светската политика и кои претставуваат опасност за демократијата“.

Националното здружение на судии исто така изрази „вџашеност“ поради пораката на Маск.

„Тука повеќе не е во прашање независноста на судството туку суверенитетот на италијанската држава“, оцени потпретседателката на тоа тело Алесандра Мадалена.

Обидите на премиерката Џорџа Мелони да го намали бројот на мигранти кои секоја година стигнуваат до италијанските брегови повеќе пати се оспорувани на суд, често успешно, меѓу другото и во врска со договорот потпишан со Тирана минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ