вторник, 21 јануари 2025

Маск доби свој оддел во новата влада, славеше додека Трамп најавуваше луѓе на Марс (ВИДЕО)

Вчера беше потврдено учеството на Илон Маск во новата администрација на Доналд Трамп. Маск седеше зад членовите на семејството Трамп на церемонијата, смеејќи се и мавтајќи додека Трамп изјави дека „ќе ја следи нашата судбина до ѕвездите“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот директор на Спејсекс делуваше воодушевено кога Трамп вети дека ќе „лансира американски астронаути кои ќе го постават американското знаме на планетата Марс“, долгогодишна лична амбиција на милијардерот.

Во својот говор, одржан веднаш по инаугурацијата, Маск го пофали новиот американски претседател. Го поздрави доаѓањето на новото „златно доба“ за САД. „Благодарение на вас, иднината на цивилизацијата е обезбедена“, рече тој.

„Човеку, едвај чекам. Ова ќе биде фантастично“, рече тој.

Маск, најбогатиот човек на планетата, исто така уште еднаш го поддржа Трамп во објава на Икс, пишувајќи: „Враќањето на кралот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ