среда, 5 март 2025

Маск: Американскиот социјален систем е најголемата пирамидална измама на сите времиња (ВИДЕО)

Илон Маск го нарече американскиот систем за социјална грижа најголемата пирамидална измама на сите времиња за време на последниот разговор во подкастот на Џо Роган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е најновиот во низата напади на членови на администрацијата на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп на американскиот систем за социјална заштита, додека Маск паралелно спроведува масовни отпуштања во сојузната администрација и ги блокира исплатите во повеќе државни агенции.

„луѓето уплаќаат во системот за социјална безбедност, а тие пари веднаш излегуваат од системот, но обврските кон корисниците траат во целиот период на нивната пензија“, кажа Маск. „Ако ги погледнете идните обврски на системот за социјална заштита, тие далеку ги надминуваат даночните приходи“.

Инаку, пирамидална измама е финансиска шема во која учесниците заработуваат пари првенствено со регрутирање нови членови, а не со продажба на производи или услуги. оваа структура е неодржлива бидејќи бара постојан прилив на нови учесници, што на крајот доведува до колапс и загуба за повеќето учесници, освен за тие на врвот на пирамидата.

Многу социјални системи во светот функционираат така што актуелните работници ги финансираат пензиите на актуелните пензионери, па така и американскиот социјален систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ