петок, 18 октомври 2024

Машката сениорска карате репрезентација доби признание за врвен спортски резултат

Објавено на

часот

Сподели

Признанието од АМС доаѓа по големиот успех на македонските карате репрезентативци кои се закитија со медал во најтешката дисциплина, екипно борби за мажи и кој воедно е прво одличје за Македонија на медитеранските првенства во оваа дисциплина.

Бронзениот медал го освоија каратистите Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, сите членови на карате-клубот „Макпетрол“, како и Мурсел Мисими од кумановскиот карате-клуб „Башкими“. Со доделеното признание, Агенцијата за млади и спорт го потврди големиот успех на македонската сениорска карате репрезентација во која членуваат дури осум каратисти од клубот „Макпетрол“.   

Покрај големиот екипен успех, нашите каратисти во Тунис остварија и три високи пласмани во поединечните категории, сите од членови на „Макпетрол“. Петар Спасеновски (-84 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.) го освоија петтото место, додека Симона Заборска (-61 кг.) го заврши натпреварувањето на седмата позиција. На годинешното Медитеранско првенство учествуваа вкупно 447 спортисти во машка и во женска конкуренција, при што дел од шампионатот беа 19 најелитни и најдобро рангирани светски тимови. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ