сабота, 27 јули 2024

Машиновозачите во Германија го започнаа најдолгиот штрајк во својата историја: спорни плати и работни услови

Германските машиновозачи повторно ги напуштија своите работни места во, како што се чини, најдолгиот штрајк досега на железничките работници, предизвикувајќи нови главоболки кај патниците, објави Ројтерс во средата, додавајќи дека враќањето на преговарачката маса е едвај на повидок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ во понеделникот, за време на тековните преговори за колективниот договор, повика на најдолг штрајк до сега, кој треба да трае цели шест дена и целосно да го парализира железничкиот сообраќај во Германија.

Штрајкот, кој започна во средата во 2 часот наутро и се очекува да трае до понеделник навечер, претставува четврти круг индустриски акции во спорот на ГДЛ со државната компанија на Германски железници (Дојче Бан, ДБ) и доаѓа две недели по последниот штрајк кој речиси целосно го запре железничкиот сообраќај три дена.

Портпаролот на ДБ најави „огромни ограничувања“ во железничкиот сообраќај низ целата земја. „Треба да седнете на маса, мора да најдете компромис. Тоа е единствениот начин“, рече портпаролот, предупредувајќи на тешките последици од шестдневниот штрајк врз економијата на земјата.

Во исто време се одвива и штрајк на машиновозачите на товарните возови. Тие стапија во штрајк во вторник во 18 часот.

Шефот на ГДЛ, Клаус Веселски, за АРД изјави дека е подготвен на компромиси околу платите и работното време, но верува дека понудата на ДБ не отишла доволно далеку.

„Мора да штрајкуваме подолго и посилно бидејќи раководството на ДБ е против каков било совет“, рече Веселски.

ДБ рече дека прави напори да се постигне компромис, додека ГДЛ, како што тврди, целосно непотребно го ескалира конфликтот и тоа врз грбот на патниците.

Во штрајкот не учествуваат машиновозачите на некои приватни компании кои работат во регионалниот сообраќај, но со оглед на тоа што кон штрајкот се приклучуваат и работниците во инфраструктурата на ДБ, штрајкот може да го парализира целиот железнички сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ