Маж во средата вечер пукал на повеќе локации, вклучително и куглана и ресторан, се верува дека не станува збор за терористички напад.
Полицијата трага по 40-годишниот инструктор за употреба на огнено оружје Роберт Кард.
Се тврди дека Кард во текот на летото поминал две недели во психијатриска болница бидејќи „слушал гласови“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден бил информиран за настанот додека бил на вечера со австралискиот премиер Ентони Албанис.
Левистон има население од околу 37.000 жители и е втор по големина град во Мејн.
Минатата година во Мејн биле извршени вкупно 29 убиства, а во 2020 година 20.