сабота, 19 октомври 2024

Мартинез испиша историја, Аргентина го победи Парагвај (ВИДЕО)

Аргентина со 1-0 го совлада Парагвај, а Емилијано Мартинез уште еднаш ја сочува својата мрежа, Венецуела во финишот му откина два бода на Бразил, мечот заврши 1-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

Последниот примен гол на Емилијано Мартинез беше во финалето на Светското првенство, пред речиси 10 месеци. 

Мартинез нема примено гол за Аргентина 622 минути, тоа е нов рекорд во аргентинската репрезентација.

Што се однесува до мечот со Паргвај, тие го добија со 1-0, со гол на Отаменди уште во третата минута од натпреварот. Меси во игра влезе во текот на второто полувреме.

Бразил со гол на Габриел во 50. минута поведе против Венецуела со 1-0, но Бељо на пет минути до крајот го израмни резултатот на 1-1.

Чиле со 2-0 го совлада Перу, а Еквадор со 2-1 славеше на гостувањето кај Боловија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ