четврток, 30 мај 2024

Мартин Томовски го напушта Вардар и се враќа во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски во следната сезона ќе го брани голот на Потсдам во Бундеслигата, тој потпиша едногодишен договор со германскиот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Потсдам кој избори место во најсилната германска лига за следната сезона, го потврди ангажманот на македонскиот голман.

„Мартин Томовски ќе го засили нашиот состав за следната сезона. 26-годишниот голман доаѓа од македонскиот рекорден шампион Вардар и потпиша едногодишен договор со Потстам“, стои во соопштението.

Томовски е среќен што повторно ќе може да игра во најдобрата ракометна лига во светот.

„Среќен сум што ќе играм за Потстам и повторно ќе бидам дел од најдобрата лига во светот. Сега сум поискусен, постар и попознат голман отколку кога првпат играв во Бундеслигата. За мене е големо задоволство да станам дел од Потстам, тим со толку многу талентирани и млади играчи. Можам да ветам дека ќе направам сѐ што е во моја моќ за да ги оствариме целите на тимот“, рече Томовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ