Потсдам кој избори место во најсилната германска лига за следната сезона, го потврди ангажманот на македонскиот голман.
„Мартин Томовски ќе го засили нашиот состав за следната сезона. 26-годишниот голман доаѓа од македонскиот рекорден шампион Вардар и потпиша едногодишен договор со Потстам“, стои во соопштението.
Томовски е среќен што повторно ќе може да игра во најдобрата ракометна лига во светот.
„Среќен сум што ќе играм за Потстам и повторно ќе бидам дел од најдобрата лига во светот. Сега сум поискусен, постар и попознат голман отколку кога првпат играв во Бундеслигата. За мене е големо задоволство да станам дел од Потстам, тим со толку многу талентирани и млади играчи. Можам да ветам дека ќе направам сѐ што е во моја моќ за да ги оствариме целите на тимот“, рече Томовски.
View this post on Instagram