четврток, 12 декември 2024

Мароко, Португалија и Шпанија се официјални домакини на Светското првенство ФИФА 2030 година

Мароко, Португалија и Шпанија официјално се назначени за земји домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година од страна на Конгресот на ФИФА, кој во средата се состана на вонредна седница преку видеоконференција. За време на седницата, со која претседаваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино од Цирих, членовите на Конгресот одобрија и доделување на трите натпревари на Уругвај, Аргентина и Парагвај кои ќе претставуваат стогодишнина во фудбалската историја, додека Саудиска Арабија беше потврдена како земја домаќин на Светското првенство во 2034 година.

Објавено на

часот

Сподели

Трите понуди беа едногласно одобрени од страна на 211 федерации членки на ФИФА, кои гласаа за процедурата за номинација усвоена од ФИФА, како и за секоја од соодветните понуди.

По тој повод Инфантино изјави дека „во денешниот поделен свет, да можеме да се договориме за нешто претставува извонредна порака. Живееме единство. Живееме инклузивност. Живееме фудбал“, изјави тој свечено. Од своја страна, претседателот на Кралската фудбалска федерација на Мароко (ФРМФ) Фузи Лекјаа ја изрази својата благодарност до федерациите членки на ФИФА поради тоа што го овозможија „овој момент на заедничка среќа, момент богат на многу начини, почнувајќи од оваа универзална репрезентација“.

„Би сакал да ви се заблагодарам што ја дадовте довербата на мојата земја, Мароко, и на нејзините два партнера – Португалија и Шпанија, заедно да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година“, рече тој во претходно снимениот говор емитуван за време на Конгресот. „Оваа доверба дадена на мојата земја и нејзината кандидатура како дел од трипартитното барање е дополнително сведоштво за постигнатиот напредок и во конкретните подготовки за настанот, и во севкупниот напредок на земјата, предводен од визијата на кралот Мохамед VI“, нагласи Лекјаа.

Стадионите „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, „Камп Ноу“во Барселона и Гранд Стад Хасан II во Казабланка се предложени за отворањето и последните натпревари.

„Тоа не само што ќе придонесе за успехот на организацијата“, продолжи тој, „туку и да го постигнеме она што отсекогаш сме го бранеле, имено дека спортот воопшто, а фудбалот особено, е лост за социо-економски и човечки развој“.

„Трипартитната понуда ќе биде запишана во историјата. Ова е првпат овој универзален настан да се организира истовремено во Африка, колевката на човештвото и на Стариот континент, Европа“, заклучи претседателот на ФРМФ.

Понатаму, официјален претставник од независниот ревизор (БДО), нарачан од ФИФА да ја потврди усогласеноста на понудите за Светските првенства во 2030 и 2034 година, заклучи дека и двете постапки за наддавање биле спроведени со „објективност, интегритет и транспарентност“.

Единствениот кандидат во трката за Светското првенство во 2030 година, мароканско-ибериската кандидатура „Јала Вамос 2030“ направи уште еден одлучувачки чекор на крајот на ноември, по објавувањето на извештајот за евалуација од страна на ФИФА, според кој трипартитната понуда „се издвојува за нејзиниот вкупен квалитет и ги надминува минималните организациски барања утврдени во техничката евалуација“, доделувајќи му оценка 4,2 од можни 5.

Квалитетот на понудата се рефлектира во техничката евалуација, која опфаќа и инфраструктурен и комерцијален потенцијал. Понудата Мароко-Шпанија-Португалија 2030 нуди 20 различни опции за стадиони: 6 во Мароко, 3 во Португалија и 11 во Шпанија. Со тоа се надминати минималните барања (14 стадиони) наведени за Светското првенство во 2030 година, нудејќи доволна флексибилност за избор на разновидни и симболични места во трите земји, се истакнува во извештајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ