сабота, 27 јули 2024

Мароко ги отфрла неоснованите обвинувања на Алжир за експропријација на алжирски имот во Рабат

Според соопштението на алжирското Министерство за надворешни работи објавено во неделата, Алжир го осуди мароканскиот план да ги конфискува имотите на нивната амбасада во Рабат, опишувајќи го потегот како „нова фаза на ескалација“ од северноафриканскиот сосед.

Објавено на

часот

Сподели

Но, според меѓународните медиуми, во понеделникот на 18-ти март, мароканските дипломатски извори дале опширно појаснување во врска со неоснованите наводи на алжирските власти.

Спротивно на овие тврдења, канцеларијата и резиденцијата на поранешната алжирска амбасада во Рабат – чиј имот беше понуден бесплатно од мароканските власти – не биле предмет на никаква „конфискација“, уверуваат истите извори, прецизирајќи дека овие простории продолжуваат да бидат почитувани и заштитени од мароканската држава, дури и во отсуство на дипломатски привилегии и имунитети по едностраното раскинување на дипломатските односи од страна на Алжир.

Мароканските дипломатски извори потврдија дека само еден објект бил предмет на дискусија со алжирските власти. Имено, се работи за неискористени простории во непосредна близина на седиштето на мароканското Министерство за надворешни работи лоцирано во Рабат.

Активностите за проширување на седиштето на овој оддел, во последните години вклучија неколку дипломатски згради, особено оние на Брегот на Слоновата Коска и оние во Швајцарија.

Во продолжение, истите извори потсетуваат дека алжирските власти биле вклучени и соодветно информирани во сите фази на оваа постапка и со целосна транспарентност во период од повеќе од две години.

Имено, од јануари 2022 година, мароканското Министерство за надворешни работи официјално и во континуитет ги информирало алжирските власти за желбата на мароканската држава спогодбено да ги стекне споменатите простории. Генералниот конзул на Алжир во Казабланка бел примен четири пати во Министерството токму за оваа работа. Дополнително, до алжирските власти биле испратени осум официјални соопштенија, на кои тие одговориле со не помалку од пет официјални соопштенија.

Покрај тоа, во две од нивните соопштенија, алжирските власти на мароканската понуда одговориле со изјава дека „проценката на државниот имот на овие простории е во тек и тие ќе ги соопштат своите заклучоци по финализацијата“, нагласувајќи дека „ослободувањето на просториите и преместувањето на нивните содржини ќе биде направено во согласност со дипломатските практики штом ќе биде финализирана операцијата за продажба“.

Во продолжение, алжирските власти писмено ги известиле мароканските власти дека „одлучиле да поведат постапка за експропријација за одредени имоти во близина на Народната палата поради причини од јавен интерес и, следствено да ја повратат сопственоста на резиденцијата на амбасадорот на мароканската мисија“ во Алжир.

Мароканските дипломатски извори дополнително нагласуваат дека спротивно на неточностите содржани во соопштението на алжирското Министерство за надворешни работи, Мароко целосно ги презема своите одговорности и обврски кои произлегуваат од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, без оглед на едностраното прекинување на дипломатските односи со Мароко од страна на Алжир на 24 август 2021 година.

Следствено на тоа, имотите на алжирската држава кои повеќе не претставуваат дипломатски или конзуларни простории и кои не ги уживаат привилегиите и имунитетите предвидени со меѓународното право, продолжуваат да бидат почитувани и се заштитени со мароканскиот закон, под општите услови кои се применуваат за правата на сопственост во Мароко, нагласуваат истите дипломатски извори.

Тие уверуваат дека Мароко никогаш не користело логика на ескалација или провокација, бидејќи мароканските власти отсекогаш работеле на зачувување на односите на добрососедство меѓу двете земји и братство меѓу двата народа, пред да заклучат дека токму поради овие причини постапката за споменатите простории е во мирување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ