петок, 27 декември 2024

Мароко е новиот потпретседател на Интерпол за Африка

На 92-то Генерално собрание на Интерпол, кое се одржа во Глазгов, Шкотска, кандидатот на Мароко беше избран за потпретседател на Интерпол за Африка. Мохамед Дкиси, обезбеди поддршка од делегатите на 96 земји-членки, на тој начин постигнувајќи значително водство пред другите кандидати, се вели во соопштението за медиумите на Генералниот директорат за национална безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Мароко ја претстави својата кандидатура за позицијата заменик-претседател на Интерпол за Африка, воден од цврстата желба да придонесе за развојот на полициските структури во Африка и од непоколебливото убедување и решеност да ја зајакне безбедносната соработка југ-југ, како и размената на експертиза со безбедносните служби од континенталниот дел.

Кандидатурата на Мароко за оваа позиција беше претставена во согласност со кралските насоки за воспоставување соработка југ-југ како стратешки избор и приоритет за кралството и неговите африкански партнери, следејќи ја прагматичната визија заснована на развојот на односите меѓу Мароко и африканските земји на сите нивоа, вклучително и безбедноста.

Надоврзувајќи се на оваа визија, Мароко претстави добро структурирана кандидатура за позицијата, фокусирана на клучниот столб – инвестирање во човечките ресурси на полицијата во Африка, зајакнување на општите безбедносни рамки и подобрување на безбедносната соработка низ целиот континент, што всушност претставува вовед во прекинувањето на изворите на илегалната имиграција и трговија со луѓе и разбивање на нивните врски со прекуграничните криминални мрежи.

По изборот за заменик-претседател на Интерпол за Африка, Мароко ќе се насочи кон координација на активностите помеѓу националните централни бироа на африканските земји со цел брзо и ефективно да одговори на терористичките закани поврзани со регионалните ограноци на екстремистичките организации.

Создадена во 1923 година, Интерпол е меѓународна криминалистичка полициска организација чија главна цел е да ги поддржува националните капацитети и размената на информации и експертиза помеѓу безбедносните служби на 196-те земји-членки за подобро спречување и борба против транснационалните ограноци на различни форми на криминал и безбедносни закани.

Една од главните цели е и дефинирањето и координирањето на активностите поврзани со неконвенционалните ризици, како на пример злонамерната употреба на вештачката интелигенција и новите технологии од страна на организираните криминални групи. Генералниот директорат за национална безбедност го номинираше префектот на полицијата Мохамед Дкиси, директор на правосудната полиција и шеф на Националното централно биро на Интерпол-Рабат, како свој кандидат за оваа позиција.

Генералниот директор за национална безбедност и територијален надзор, Абделатиф Хамучи, кој ја предводеше делегацијата на Мароко на 92-та сесија на Генералното собрание на Интерпол, во рамки на оваа посета одржа и мултилатерални и билатерални разговори кои се фокусираа на начините за зајакнување на меѓународната безбедносна соработка и заедничките полициски акции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ