недела, 20 октомври 2024

Maроканските безбедносни служби учествуваа во заплена на 1.500 килограми кокаин

Шпанските власти објавија дека во близина на брегот на Канарските острови запленети биле 1.500 килограми кокаин. Во оваа акција значаен придонес имале припадниците на Генералниот директорат за територијален надзор (DGST, внатрешно разузнавање на Мароко) со кој претседава Абделатиф Хамучи, јавија шпанските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанската национална полиција и Цивилната гарда во заедничкото соопштение објаснија дека се уапсени тројцата членови на екипажот вклучени во операцијата за шверц на дрога.

Пресретнувањето на чамецот што го користеле осомничените било овозможено благодарение на значајните информации од мароканскиот Генерален директорат за територијален надзор. Бродот со кокаин пристигнал на брегот на Гран Канарија, во близина на брегот на Аринага, на 12 јануари, се вели во белешката на шпанската национална полиција. Запленети се 1.564,5 килограми кокаин транспортирани во 64 бали, пред истите да бидат пренесени во пристаништето Ла Луз, во Лас Палмас.

Потоа 64-те бали кокаин и уапсените биле префрлени во Пуерто де Ла Луз, во Лас Палмас де Гран Канарија, каде што дрогата била истоварена, измерена и пренесена за чување во командата на цивилната гарда во главниот град Гран Канарија.

Истрагата за постапката и приведените се предадени во судот во Телде, кој на тројцата уапсени им одреди притвор.

Соопштението за ова запленување доаѓа откако шпанската полиција и царина во последните месеци пријавија неколку запленувања на големо количество дрога. Во средината на декември во две операции во Шпанија беа запленети 11 тони кокаин увезен од албански криминални организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ