сабота, 27 јули 2024

Маркус Рашфорд потпиша нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед и Рашфорд конечно го потпишаа договорот на кој долго време се работеше.

„Мркус Рашфорд потпиша нов договор со кој ќе го продолжи престојот во Манчестер јунајтед до 30 јуни 2028 година“, стои во соопштението на англискиот клуб.

Рашфорд од најмлада возраст е во Манчестер јунајтед, почнувајќи од академијата.

„Во Манчестер јунајтед дојдов како седумгодишно момче со сон. Истата пасија, гордот и посветеност да успеам се уште ме движи секогаш кога имав чест да го облечам овој дрес“, вели Рашфорд.

„Веќе имав неверојатни искуства во овој фантастичен клуб, но имаме уште многу за освојување и останува посветеноста да освоиме повеќе трофеи во годините кои се пред нас“.

„Како фан на Јунајтед целиот мој живот, ја знам одговорноста која доаѓа со носење на овој грб. Ве уверувам дека ќе давам се од себе за да му помогнам на тимот. Не можам да бидам повозбуден за иднината под водство на овој тренер“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ