Домаќините на ова првенство ќе бидат апсолутни фаворити против нас, ќе ја имаат и поддршката од „Мерцедес-Бенз Арена“, но нашите ракометари нема да излезат со бело знаме.
„Подготовките течат добро, на вчерашниот тренинг ја подготвувавме одбраната, денеска нападот и се надеваме на подобар резултат во однос на мечот со Франција. Секако дека е тешко да се подготвуваме за вакви противници бидејќи тие се кремот на европскиот и светскиот ракомет. Целта е да направиме колку е можно помалку грешки во нападот и да бидеме поцврсти во одбраната, во однос на мечот со Франција“, вели искусниот Никола Маркоски.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра утре (недела) со почеток од 20:30 часот.
Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски