сабота, 27 јули 2024
Имаше богата понуда од Саудиска Арабија

Марко Ројс покажа што значи верност, за помала плата остана во Дортмунд

Објавено на

часот

Сподели

Марко Ројс имаше понуда да му се приклучи на Кристијано Роналдо во Ал Наср и да заработува по 20 милиони евра годишно, но очигледно љубовта кон Борусија Дортмунд му е поважна од милионите на Арапите.

Германецот попладнево стави потпис на нов договор и се обврза кон „милионерите“ до јуни 2024 година.

„За мене нема ништо поубаво од тоа да постигнувам голови пред најдобрите навивачи во светот и на најубавиот стадион во светот, и заедно да славиме победи. Па затоа сум среќен што го продолжив договорот. Како што кажав и претходно, Борусија Дортмунд не би ја менувал за ниту еден друг клуб“ – вели капитенот Марко Ројс.

Според пишувањата на Билд, Марко Ројс прифатил значително помала плата и во иднина ќе заработува околу 7 милиони евра сосе бонуси (во моментов заработува околу 12 милиони евра).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ