петок, 18 октомври 2024

Марка за „парадоксот на Димитриевски во Валенсија“: Најдоброто засилување им седи на клупа

Шпанскиот весник Марка направи анализа на ситуацијата на Столе Димитриевски во Валенсија, Македонецот летоска пристигна на „Местаља“ да биде стартер, а сега е единственото засилување кое нема одиграно ниту една минута.

Објавено на

часот

Сподели

Столе Димитриевски летоска започна нова авантура, го замени Рајо Ваљекано со Валенсија и стана првото засилување на популарните „лилјаци“ за сезоната 2024/25.

Македонецот требаше да биде прв голман на Местаља, односно да застане помеѓу стативите по продажбата на Георги Мамардашвили.

„Сè тргна според планот, Бараха го играше Димитриевски на сите натпревари на подготовките и се чекаше продажба на Мамардашвили. Дури и кога Грузиецот се врати на тренинг по настапот на Европското првенство, Димитриевски продолжуваше да брани“ – пишува Марка во својата анализа за ситуацијата на македонскиот голман во тескт под наслов „Парадоксот на Димитриевски во Валенсија“.

„Но работите драматично се променија преку ноќ. Ливерпул го купи Мамардашвили, но го остави на Местаља на позајмица. Ова беше силен удар за Македонецот, кој падна во втор план“.

„По ваквиот расплет на настаните, Димитриевски не настапи ниту еднаш, има нула официјални минути и сега е единственото засилување кое се уште нема дебитирано. Најдоброто засилување на Валенсија седи на клупа, веројатно ќе добие шанса во Копа дел Реј против некој нисколигаш. Ситуацијата на Димитриевски воопшто не е лесна, летоска имаше неколку опции, интерес пројавија клубови од Шпанија и Европа, а тој ја одбра Валенсија бидејќи очекуваше да биде прв голман и да го покаже својот квалитет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ