четврток, 26 декември 2024

Марка: Лазаров е ракометниот Мекејлеб на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Нема да обезбедат полуфинале на машкото ЕП во ракомет, како нивните сонародници кошаркари, но селекцијата на Македонија е без сомнение еден од најзабавните тимови на континенталниот шампионат. Немаат натурализиран играч како Бо Мекејлеб, но Кирил Лазаров е еднакво стрелачки расположен како црномурестиот играч.

Балканскиот тим, еден од четирите тима од бивша Југославија, е прифатен од илјадници ентузијасти сонародници, кои со национални знамиња и облечени како фалангата на Александар Македонски ги гледаат секаде каде што играат. Секој меч изгледа како битка против персиската војска, а Лазаров е лидерот на македонската коњица.

Лазаров е најдобар стрелец на ЕП, со речиси една третина од вкупниот број погодоци на тимот, што е висок сооднос во однос на минутите поминати во игра, но и специфична тежина на играчот на Атлетико во својата репрезентација. Ако има тесна завршница, нема сомнение дека Лазаров ќе игра.

Тој го постигна последниот гол со Шведска. Неговиот удар беше последен со Германија, кој беше под посебна лупа, поради жалбата на македонската федерација. И против Данска последниот шут беше негов, но го сопре Ландин, а Линдберг погоди со звукот на сирената. Пет од последните шест гола ги даде од својата позиција. На крајот заврши со 13 погодоци.

Македонија сите мечеви ги одигра до крај, испушти три бода во последните секунди. Да ги имаше, сега ќе беше веќе во полуфинале, или барем со едната нога во него.

„Изгледа дека немаме среќа на овој турнир“, ќе рече разочараниот Лазаров, ракометниот Мекејлеб на турнирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ