петок, 18 октомври 2024

Марк Маркез потсети на оној стариот шампион кој доминираше со години, победа по 1.043 дена

Марк Маркез конечно се радува на победа во Мото ГП, Шпанецот го заокружи перфектниот викенд во Арагон со победа и во главната трка.

Објавено на

часот

Сподели

По 1.034 дена, Марк Маркез стигна до победа во Мото ГП и потсети на оној стариот шампион кој доминираше со години.

Шпанецот имаше перфектен викенд во Арагон со пол-позиција во квалификациите, победа во спринт трката и победа во главната трка.

Конуренцијата не можеше да му парира, па тој денеска комфорно триумфираше пред Хорхе Марин и Педро Акоста.

И додека викендот на Марк Маркез беше перфектен, актуелниот шампион Пеко Бањаја имаше кошмар.

Италијанецот освои само бод во спринт трката, денеска излета по еден судар со Алекс Маркез, па Хорхе Мартин сега +23 на врвот во генералниот пласман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ