понеделник, 16 септември 2024

Мариово во тешка состојба, два од трите ер-трактори се неисправни, во дефект се и полициските хелиокоптери

Застрашувачкиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј периметар се прошири на 110 километри, а е во должина од над 30 метри, се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека пред неколку часа на помош на пожарникарите од Прилеп и од повеќе други градови, како и на војската и полицијата,пристигна еден ер-трактор. Другите два ер-трактори кои ги има државата, за жал, се неисправни, изјави Ангелов. Неисравни се и двата полициски хеликотери, рече директорот на ЦУК и изрази надеж дека овојпат прогнозата на УХМР и за Мариово ќе се оствари и дека ќе заврне дожд.

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов изјави дека е тежок пожарот над викенд населбата во скопско Катланово. Тој нагласи дека пожарот создава голем чад и дека тешкотија претставува непристапниот терен. Како што рече, вчера гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од скопската бригада.

Директорот на ЦУК во видео-изјавата даде информации и за другите пожари во земјава, во моментов активни се 13 пожари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ