сабота, 21 декември 2024

Марин ле Пен пред суд поради обвинувањата за проневера на пари на ЕУ

Лидерката на француската десница Марин ле Пен денес одговара на прашања на судии во суд во Париз, бидејќи на неа и на нејзината партија Национален собир им се суди поради сомнеж дека проневерила средства на Европскиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа ги негира сите обвиненија.

Овој случај би можел битно да влијае на Ле Пен, за која се претпоставува дека ќе биде кандидатка на претседателските избори во 2027 година.

Преку 20 највисоки функционери на Национален собир се најдоа пред суд минатиот месец, бидејќи ги користеле парите за помошниците во парламентот на ЕУ за со нив да го платат персоналот кој работел за партијата меѓу 2004 и 2016 година, што е кршење на прописите на Европската Унија.

Ле Пен би требало три последователни дена, почнувајќи од денес, да одговара на прашања на судот во врска со користењето на парите на ЕУ за плаќање на своите телохранител, шеф на кабинет и уште два партиски помошници.

Кога судењето почна минатиот месец, таа вети дека ќе изнесе „цврсти аргументи“ кои покажуваат дека таа и други функционери на партијата „не прекршиле никакви политички и регулаторни правила на Европскиот парламент“.

Ако бидат прогласени за виновни, Ле Пен и нејзините соработници би можеле да се соочат со казна до 10 години затвор и парична казна до милион евра.

Дополнителни казни, како губење на граѓанските права или забрана за кандидирање, исто така би можеле да бидат изречени.

Ле Пен беше второпласирана, зад францускиот претседател Емануел Макрон, на претседателските избори во 2017 и 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ