сабота, 27 јули 2024

Марихуана, ваги, пари… пронајдени во просторија во затворот во Прилеп

Вчера со судска наредба прилепската полиција извршила претрес во просторија во затворот во Прилеп и во викенд куќа во близина на затворот. При претрес во просторијата во затворот, каде што казна затвор издржуваат Д.Д. (41) од село Ливада, струшко и Н.Н. (34) од Прилеп, во шкафот на Н.Н. биле пронајдени една ќеса и повеќе помали пакувања со марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути и други предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

При претрес во викенд куќата, сопственост на Б.К. (77) од Прилеп, која ја користел И.К. (47) од Прилеп, а кој исто така, издржувал казна затвор во затворот Прилеп, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана и дигитална вага. Во врска со настанот бил приведен сопственикот на викенд куќата. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ