сабота, 27 јули 2024

Марихуана, пиштол и дијаболи најдени во куќа во село Горни Подлог

Штипската полиција го лишила од слобода Н.С.(43) од село Горни Подлог, кочанско.

Објавено на

часот

Сподели

„При претрес во неговиот дом во село Горни Подлог, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, машинка за изработка на цигари, воздушен пиштол калибар 4,5 мм и повеќе дијаболи калибар 4,5 мм за кои не поседувал документација“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ