Поранешните министри Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште не се изјасниле дали ќе побараат апанажа.
Пратеници, заедно со Ковачевски, станаа речиси сите поранешни министри од СДСМ, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Фатмир Битиќи, Славјанка Петровска и ексдиректорката на УЈП Сања Лукаревска.
Груби се враќа на професорското место по новинарство на Тетовскиот универзитет. Бујар Османи се враќа на Клиниката за дигестивна хирургија. Грковска се враќа на своето работно место во МВР, Шукова останува вработена во Министерството за животна средина, а Пенов и Алиу во приватниот бизнис.
Досега се одобрени апанажи за околу 40 поранешни функционери, од кои 36 се поранешни пратеници. Ова значи дека овие функционери во наредните 12 месеци ќе ја примаат истата плата што ја добивале како министри, пратеници, директори на јавни претпријатија… А тоа е од 1.500 до 2.000 евра месечно.