вторник, 28 мај 2024
Средба на вицепремиерите за европски интеграции

Маричиќ и Герасимов: Македонија и Молдавија не отстапуваат од патот кон ЕУ

Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската Унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата. Герасимов рече дека и покрај руската пропаганда во нејзината земја, нема отстапување од стратешката определба.

Објавено на

часот

Сподели

„Пропагандата на Руската Федерација и дезинформациите во однос на нашата европска иднина е силна, користат социјални медиуми за да ги прошират овие пораки на страв, на несигурност за нашата безбедност како држава, исто така и за мирот во Република Молдавија. Истовремено, ова не е ништо ново, сме ги гледале овие пораки и ваквите наративи во минатото, но сепак, тие нема да успеат да ја нарушат нашата европска агенда затоа што граѓаните на Република Молдавија знаат дека ЕУ е проект за мир, тоа е простор каде што има цврсто почитување на човековите права, демократијата, владеењето на правото и тоа се вредностите што ги споделува секој граѓанин на нашата држава“, изјави Герасимов

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји.

„Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Северна Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство  на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување  заради геостратешките и безбеднсоните аспекти“, подвлече Маричиќ.

Додаде дека споделувањето на искуството во изодувањето на патот кон ЕУ е од големо значење.

„На овој пат до членството во ЕУ, сите земји кои се во преговори или се кандидати се соочуваат со предизвици кои бараат одговорни одлуки. Северна Македонија сега е пред таков предизвик. Ние нема да се откажеме од донесувањето на потребните одлуки за да ги продолжиме започнатите преговори. Со колешката Герасимов се согласивме дека евроинтеграцијата е премногу важна цел за да се потклекне пред предизвиците. За двете земји членството во ЕУ е приоритет во остварувањето на врвните државни интереси“, рече Маричиќ.

Вицепремиерката Герасимов рече дека денешната посета е основа за започнување на многу продуктивен дијалог и за разменување на ставови и пракси.

„Мило ми е што имавме можност денеска да го започнеме она што ќе биде основа за многу продуктивен дијалог за Моладивија и Северна Македонија за европските работи онака како што се движиме кон достигнување на нашата цел евроинеграцијата, ги споделуваме истите цели и вредности, како и силна посветеност на слободата безбедноста и демократијата. Република Молдавија силно го поддржува процесот на проширување врз заслуги. Истовремено сум убедена дека судбината на демократијата во источното соседство на ЕУ како и на Западниот Балкан е еден ден да станат членови на европското семејство. Тука се покажани аспирациите на нашите граѓани за постигнување на просперитетна иднина. Затоа сметаме дека зааедно сме посилни и навистина сме заинтересирани да продолжиме да ги разменуваме ставовите и најдобрите пракси онака како што ќе напредуват преговорите“, истакна Герасимов.

Дискусијата на одржаната средба таа ја оцени како продуктивна.

„Го уверувам мојот колега дека ќе се обидеме да дознаеме повеќе како вашата јавна администрација и општество успеа да се справи со обврската да го пренесе европското законодавство во националното, да ги воведе реформте со цел и ние да можеме да го достигнеме стандардот на живеење во ЕУ, воедно отворени сме да ги споделиме и нашите искуства за тоа како ние ги кооридинираме интерните процеси“, порача Герасимов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ