Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на пленарната сесија, на која ќе се обратат лидерите и шефовите на делегациите, додека пак министерот Нуредини во рамки на глобалниот состанок ќе има свое обраќање на лидерскиот дијалог насловен: „Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”.
Во рамки на посетата на Стокхлом вицепремиерот Маричиќ ќе оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линден, а ќе се сретне и со претседавачот со парламентарната група на пријатели на Западен Балкан, Аднан Дибрани и претседавач от со ЕУ Комитетот, Пири Ниеми и генералната директорка на Шведската развојна агенција, Карин Јамтин.
Планирани се средби и со генералната секретарка на Олаф Палме, Ана Сундсторм и неговиот партиски хомолог, меѓународниот секретар на шведските социјалдемократи, Јохан Хасел.
„Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност” ќе се одржи пет децении по Конференцијата на Обединетите нации за човековата средина во 1972 година. Настанот ќе им даде можност на лидерите да се осврнат на 50-годишната мултилатерална еколошка акција за да се постигне храбра и итна акција потребна за да се обезбеди подобра иднина на здрава планета.
Во мај 2021 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за здружување на глобалната еколошка заедница во Стокхолм, Шведска на голем меѓународен состанок за животната средина на 2 и 3 јуни 2022 година, во неделата посветена на Светскиот ден на животната средина.