сабота, 27 јули 2024
Средба со шведската министерка за ЕУ

Маричиќ-Росвал: Важно е Македонија да се задржи на европскиот пат

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговарало за евроинтегративниот процес, стратегиските цели на двете држави и билатералната развојна помош што Кралството Шведска ѝ ја дава на Македонија. Вицепремиерот Маричиќ на средбата посочил дека оваа посета на Росвал, за време на шведското претседавање со Советот на Европската Унија, е од голема политичка важност, укажувајќи дека заложбата на Шведска за проширување на ЕУ е важна и за напредокот во процесот на преговори. 

„Шведска е наш вреден партнер, политички, развоен и финансиски поддржувач на патот кон ЕУ. Постојаната поддршка што Шведска ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес ја докажува важноста на сојузништвото и партнерство меѓу двете земји“, посочил Маричиќ на средбата.

Јесика Росвал нагласила дека Шведска продолжува да дава континуирана поддршка на европскиот пат на Македонија, преку остварување на целите дефинирани со Стратегијата за реформска соработка 2021-2027 година, но дека останува домашните задачи и обврски кои произлегуваат од преговарачката рамки да ги спроведеме успешно, со заеднички консензус околу прашањето за европската перспектива на земјата. Таа во тој контекст посочила дека политичкиот моментум за проширување на ЕУ треба да се искористи и да се направи нов исчекор кон ЕУ.

На средбата било разговарано и за модалитетите и насоките на развојната соработка, чија една од главните цели е да ѝ се помогне на нашата земја да се приближи до Европската Унија.

Росвал во рамки на нејзината официјална посета на Скопје ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Османи.

Од Скопје шведската делегација заминува за Тирана каде министерката Росвал ќе оствари средби со високи државни претставници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ