сабота, 27 јули 2024
Вицепремиерот за резултатите на Детектор

Маричиќ: Долго се сееше страв, затоа повеќето граѓани се против уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

„За жал овие податоци според мене се дело или производ на долгогодишната политика на страв која што е промовирана од опозицијата, од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, особено минатата година на која што се напластуваа сериозни слоеви на дезинформации, лажни информации и сеење страв кон граѓаните дека нам ќе ни се одземе идентитетот, дека ќе има некаква бугаризација, дека јазикот ќе ни биде одземен и дека со ова се прави кој знае што. Ние имавме многу слична атмосфера, можеби не волку заострена меѓутоа многу слична атмосфера поврзана и со Преспанскиот договор.

Дека тоа ќе биде обезличување на Македонија, дека тоа ќе биде крај на нашиот идентитет и дека тоа ќе биде предавање на државата, продавање на државата. Иако и тогаш имаше протести и заострена атмосфера во Собранието, денеска ги гледаме придобивките. Четири години откако е усвоен, од него гледаме само позитивни придобивки“, рече Маричиќ

Тој потенцира дека освен патот кон ЕУ Македонија нема друга алтернатива и политичарите се должни да ги реализираат стратешките интереси. Тоа ќе се постигне, вели, со заедничка работа преку која ќе им се објасни на граѓаните дека Македонија нема да го изгуби својот идентитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ