Маричиќ го брифирал шпанскиот министер за текот на скрининг процесот, а во таа насока Албарез посочил дека Македонија има напредок и дека го засилува европското темпо за повеќе фондови и брзи реформи, но дека уставните измени остануваат клучни за брзата интеграција на државата во ЕУ.
Маричиќ, кој е и национален координатор на ИПА, ѝ се заблагодарил на Шпанија за нивниот интерес за поддршка на клучни проекти во областа на заштитата на животната средина и пред сѐ Охридското Езеро и за соработката преку твининг инструментот, конкретно за финансиската помош да се имплементира проект за усогласување на работењето во согласност со поштенската директива на ЕУ, во вредност од 600.000 евра, кој заврши во 2022 година.