сабота, 27 јули 2024
Pо повод преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Шпанија

Маричиќ: До крајот на годината нов исчекор и динамика во преговорите со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска започнува шестмесечното претседавање на Кралството Шпанија со Советот на ЕУ, време во кое имаме уште многу да направиме за поуспешна и пообединете Европа со земјите од Западен Балкан. Пораките од шпанскиот премиер, Педро Санчез Перез, при неговата посета на Скопје и мотото „Европа, поблиску“, под кое Кралството Шпанија ќе претседава со ЕУ се потврда за нивната посветеноста на политиката на проширување и фокусот на забрзаната интеграција на Западен Балкан. Четирите приоритети, меѓу кои е и прашањето за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, се однесуваат на реиндустријализација на ЕУ и обезбедување на нејзината стратешка автономија, на еколошката транзиција и на поголема социјална и економска правда“, пишува Маричиќ.

Тој искажува благодарност на Шпанија, како наш искрен децениски поддржувач и партнер на патот кон ЕУ, со што, како што наведувам, успешно го продолживме почетниот пробив во преговорите со ЕУ и го вративме ентузијазмот кај македонската администрација преку скрининг процесот.

„Сега очекуваме одржување на темпото и поголем напредок кон ЕУ, со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, „Фундаментални вредности”. Проширувањето е една од најважните политики на ЕУ и Шпанија е силен поддржувач на тоа. Понудата за членство на Западен Балкан во ЕУ е на маса, заедно до крајот на годината ќе го направиме европското обединување поизвесно“, вели Маричиќ во пораката на социјалните мрежи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ