сабота, 19 октомври 2024

Маричиќ: Ако дијалогот со партијата не продолжи, ќе тргнеме во разговор со секој пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

Според Маричиќ, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се движи во нереални рамки и надвор од преговарачката рамка, што значи повторно преговарање на рамката која што е веќе усвоена минатата година.

„Сметам дека е разумно и одговорно, да седнеме, сакаат тимски, сакаат поединечно, сакаат пак лидерска средба и да разговараме таму каде што застана лидерската средба. Во наредните денови јас сум сигурен дека може да ги поместиме позициите, но доколку сето тоа биде во реални рамки. Ние може да бараме Бугарија да нема право на вето или да ги смениме правилата во ЕУ, во минатото сме се обидувале да ги смениме правилата во НАТО, не сме успеале и затоа треба да имаме разумен начин на разговор каде заедно ќе ја преземеме одговорноста, ќе ја споделиме одговорноста во таа заедничка влада и ќе им олесниме на граѓаните дека навистина имаме европска перспектива“, истакна Маричиќ.

И шефот на македонската дипломатија Бујар Османи синоќа за ТВ 21 изјави дека има алтернативно решение.

„Ако Мицкоски до крај партискиот интерес го става над судбината на луѓето, тогаш ќе се најде и алтернативно решение. Која е другата алтернатива? Не знам, ќе видиме, но јас мислам дека исто како што тој ден им пукал во партијаta со неговата изјава дека прифаќа уставни измени, така како што ќе поминуваат деновиве, ќе им пука повеќе и повеќе, за луѓето кои ќе кажат – полека ти прво немаш став за уставните измени, вчера не, денес да, значи немало проблем. Ќе видиме, но мислам дека е влезен во опасна игра“, рече Османи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ