сабота, 27 јули 2024
Пораки од еден американски сенатор

Марфи вели дека НАТО ќе се загрижи ако нема уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

САД испраќаат силна порака да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземате потребните чекори за да го овозможите ова проширување, истакна сенаторот Марфи, потсетувајќи на партнерството на двете земји во НАТО и истакнувајќи дека е ова време на „брутална инвазија врз Украина за која Русија ќе плати цена“.

„Знам, навистина знам, дека долг беше патот кон ЕУ. Знам и дека многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум да ви кажам дека е.  Многу луѓе го кажуваа истото и за НАТО, дека Северна Македонија никогаш нема да добие покана од НАТО. Но вие ги презедовте потребните тешки чекори за да ја овозможите таа покана. Потпишавте историски договор, којшто ја овозможи таа покана, и денес Северна Македонија е членка на НАТО. И навистина посакувам тоа да добиеше повеќе внимание, но се случи во време на ковид, и можеби не сите тука сфаќаат што значи тоа да се има безбедносна гаранција од САД“, рече сенаторот Марфи.   

Сега, додаде тој, има слични чекори коишто треба да бидат преземени со цел земјава да се приклучи кон ЕУ, но, потенцира, има и нова можност за ЕУ проширување.

„Војната во Украина е криза, но ја разбуди ЕУ. Ја освести за потребата да ги остави вратите отворени. Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот. И затоа ова е нова реална можност за проширување, а Северна Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика. Овие уставни измени, технички измени на Уставот, се јасна можност за Северна Македонија да може да се приклучи кон ЕУ. Ова е нова можност која што се укажува за проширување“, вели Марфи, кој важи за добар познавач на регионот.

Приклучувањето кон ЕУ, посочи амариканскиот сенатор, значи брз економски раст, високи плати, повеќе американски компании коишто ќе доаѓаат во Македонија, наведувајќи при тоа што би значело доколу не бидат донесени уставните измени

„Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Северна Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности. Ние сме пријатели, никогаш нема да престанеме да бидеме пријатели и партнери, но луѓето во САД, лидерите во САД го набљудуваат изборот што ќе биде направен тука во следниве неколку месеци. И сите тие се надеваат дека вашата одлука ќе биде усогласена со нашите безбедносни мерки преку НАТО, и ќе биде усогласена со слична одлука да се остане на патот на ЕУ, барем во поглед на економските прашања“, вели Марфи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ