сабота, 27 јули 2024

Мареј промаши во последната секунда, Денвер поразен од Орландо (ВИДЕО)

На минатиот меч Јокиќ со тројка во последната секунда донесе победа за Денвер против Голден стејт, сега Џемал Мареј имаше шанса со кош да го однесе натпреварот во продолженија, но не успеа да реализира и Нагетс загубија од Орландо со 122-120.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ му додаде на Мареј, по што канадскиот кошаркар ја презема одговорноста сам да го заврши нападот. Се бореше да направи колку што е можно почиста позиција, не успеа во тоа, мораше да шутне и не погоди.

Јокиќ со 29 поени беше најефикасен во составот на Денвер, а Банчеро со 32 беше најдобар кај Орландо и воопшто на натпреварот, тој реализираше и трипл-дабл, имаше 11 асистенции и 10 скокови.

Далас без Дончиќ го совлада Портланд со убедливи 139-103. Ирвинг реализираше 24 поени, Хардавеј и Харди имаа по 19. Најдобар кај гостите беше Грант со 18 поени.

Резултати:
Бостон – Јута 126-97
Индијана – Атланта 150-116
Бруклин – Оклахома 124-115
Кливленд – Вашингтон 114-90
Филаделфија – Њујорк 92-128
Чикаго – Шарлот 104-91
Хјустон – Минесота 95-122
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 95-111
Далас – Портланд 139-103
Денвер – Орландо 120-122
Феникс – Мајами 113-97
Голден стејт – Детроит 113-109
ЛА Лејкерс – Мемфис 113-127
Сакраменто – Торонто 135-130

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ