петок, 27 декември 2024

МАНУ: Вработените се инструментализирани како паричка за поткусурување

Зошто органите на МАНУ, како коректив на државните политики, имајќи ја предвид нејзината советодавна улога во нивното креирање, молчат и не бараат одговорност од структурите кои го одобрија носењето на предлог-законот по бадинтеровиот принцип на претпоследната седница на Собранието, прашуваат од синдикатот на вработените во МАНУ во денешната реакција.

Објавено на

часот

Сподели

Синдикалната организација при МАНУ, се наведува во соопштението бара одговор на три прашања од страна на раководните структури на Академијата.

Оттаму прашуваат врз која основа предлог-законот беше поставен под постапката за носење закони со бадентерово мнозинство иако Уставот предвидува дека на овој начин се гласаат закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите. Од синдикатот на МАНУ уште прашуваат зошто органите на МАНУ, „како коректив на државните политики, имајќи ја предвид нејзината советодавна улога во нивното креирање, молчат и не бараат одговорност од структурите кои го одобрија носењето на предлог-законот по бадентеровиот принцип на претпоследната седница на Собранието, а чекаат одговор и на прашањето, ако последните законски измени биле донесени со баденетрово мнозинство, тогаш „зошто свесно нè пуштивте по вода во режирана претстава, иако јасно предочивме дека немаме против одредбите од Уставот и од Законот за работните односи, кои се однесуваат на начелото за правична застапеност, да се пресликаат и во предлог-законот.

„По завршувањето на претставата во Собранието, паднаа маските на сите актери кои учествуваа во неа, па, оттука, како да веруваме во постојаните ветувања дека овој закон некогаш ќе биде донесен без Бадинтер!? До објавувањето на следните прашања што останаа без одговор и наидоа на молк во институцијата, им благодариме на сите членови на МАНУ за пројавениот интерес за состојбата во која се најдоа вработените кои беа инструментализирани во играта како паричка за поткусурување. Во текот на идната недела, ќе следуваат други три прашања, а во континуитет, сè до демитологизирањето на МАНУ и нејзината интерно креирана недопирливост“, пишува во реакцијата на синдикатот на вработените во МАНУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ