сабота, 22 јуни 2024

Манолева: Се отвораат хируршките клиники за итни и елективни пациенти

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска одржа состанок со медицинските директори на хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со цел реорганизација на работата поради новонастанатата ситуација со компримираниот воздух.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера заменик министерката д-р Манолева донесе наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да почнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм.
Во наредбата до УК за урологија, за ТОАРИЛУЦ, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична и реконструктивна хирургија, за торако-васкуларна хирургија, за детска хирургија реализирањето на оперативниот програм да се организира по принцип работа во две смени (прва и втора), а оперативниот план и редослед на пациентите да се реализира согласно Одлука и утврден распоред од страна на стручниот колегиум на секоја јавна здравствена установа.
Дополнително, Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ да продолжат да работат со максимално искористување на капацитетите и со поддршка од дополнително потребен здравствен персонал согласно склучени договори за соработка со универзитетските хируршки клиники при Клинички центар кои е потребно да се достават до Министерството за здравство.
Наредбата предвидува секоја од клиниките да стапи во контакт со Клиниката „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ за потребата од дополнителен персонал кој ќе биде пратен на работа како помош за одреден временски период, а врз основа на склучена спогодба за меѓусебна соработка помеѓу јавните здравствени установи.
„Оваа одлука се носи со цел изнаоѓање на преодно решение во насока на функционирање на оперативниот програм. Со цел обезбедување на пружање соодветна и квалитетна здравствена заштита на пациентите се укажа потребата од реорганизирање на начинот на функционирање и обезбедување на компримиран воздух со надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух како преодно решение до надминување на состојбата“, вели заменичката Манолева.
На следната владина седница Манолева ќе достави информација и ќе побара од Владата да ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да спроведе итна набавка на нова компресорска станица, соопшти Министерството за здравство.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ