Атмосферата е тешка, мачна, како и во цела Македонија, наместо насмевки, има тага на лицата на фудбалерите кои сепак мора да го одработат своето.
Можеби најпогоден од сите репрезентативци е Јован Манев, фудбалерот кој е роден во Кочани и добро го познава овој град.
„Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, изгубив, изгубивме сите блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да бидеме овде и да се бориме за нашата земја и за репрезентацијата. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени. Затоа ако ми се укаже шанса, како и моите колеги ќе го дадаме максимот во нивна чест. Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност и да постигнеме резултати, пред се за настраданите“, изјави Манев.