петок, 18 октомври 2024

Манев: Сведочењето на полициските службеници е контрадикторно, така нема да се открие вистината

Нема парафински ракавици, ниту балистичко вештачење на куршумите, а сведочењето на инспекторот што ја водел истрагата за исчезнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска е контрадикторно со обвинителниот акт, кој, пак, е полн со празнини, изјави Бојан Манев, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски по денешното судско рочиште за двојното убиство на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи го сведочењето на сведокот Музафер Каришиќ, кој во времето на убиствата и истрагата бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи, Манев рече дека не се јасни повеќе работи околу работењето на полицијата додека траела истрагата.

„Во најмала рака е смешно како може главниот човек кој ја води истрагата да претпоставува дека од обвинетите е земена парафинска ракавица. Па, кога се пука на свадба се зема парафинска ракавица. Во обвинението нема податок за земена парафинска ракавица од ниту еден од обвинетите. Началникот на полицијата, човекот кој ја води целокупната истрага, до овој момент нема сознание и ниту потврдува ниту демантира дали од самите зрна кои се испукани во жртвите е утврден идентитетот на оружјето. МВР има база на податоци на оружјата и од секој испукан куршум може да се утврди идентитетот на оружјето, па и неговиот сопственик, ако тоа е заведено во базата со податоци. Но, во самото обвинение нема такви податоци за испуканите зрна“, изјави Манев.

Според него, сведочењето Каришиќ е контрадикторно и оди во насока на теоријата на случајот дека ниеден од обвинетите нема врска со убиствата.

„И сведочењето на началникот на велешката полиција оди во насока на таквото тврдење, оти во делот за снимките кај хотелот Романтик тој не појасни колку луѓе се видени, во колку возила, дали на снимките се гледаат лицата на луѓето во автомобилите. Затоа, сè што чувме денеска не е во насока на откривање на вистината“ – рече адвокатот Манев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ