сабота, 27 јули 2024

Мане откри дека го одбил Манчестер јунајтед за Ливерпул: Се беше договорено, но потоа…

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор со Џејми Карагер, Садио Мане откри дека во 2016 договорил трансфер во Манчестер јунајтед, но еден телефонски повик од Јирген Клоп придонел да се предомисли и да заврши во редовите на Ливерпул.

„Морам да признам, бев многу блиску до преселба во Манчестер јунајтед“ – вели Сенегалецот. „Договорот ме чекаше за потпис, се беше договорено, се беше подготвено, но на крајот се предомислив, „Не, сакам да одам во Ливерпул“. Бев убеден да го одберам проектот на Клоп“.

„Добро го паметам првиот разговор со Клоп, ми се јави и ми рече, „Садио слушај, сакам да ти објаснам што се случи со Дортмунд“. Сакаше да ме ангажира уште кога беше тренер во Дортмунд но поради одредени причини зделката не се реализираше. Се обиде да ми објасни а јас му реков, „Во ред, се случуваат такви работи“. И му простив“.

„Потоа ми рече, „Сега сакам да ми се придружиш во Ливерпул“. Му одговорив, „Важи, Дортмунд е минато, ајде да се фокусираме на иднината“. Тој додаде, „Имаме голем проект во Ливерпул и сакам да бидеш дел од него““.

Садио Мане сега се поврзува со заминување од Ливерпул, Баерн Минхен сака да го донесе на „Алианц Арена“, а Сенегалецот порача дека по финалето во Лигата на шампиони ќе открие каде лежи неговата иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ