Садио Мане физички го нападна Лерој Сане по поразот од 3-0 на „Етихад“ во Лигата на шампиони, па Баерн Минхен реагираше брзо за да ги смири страстите.
Сенегалецот беше суспендиран и го пропушти натпреварот против Хофенхајм, а ќе треба да плати и парична глоба.
Како што пренесуваат Спорт1 и Билд, станува збор за сума од 350.000 евра, односно најголемата казна во историјата на Баерн.
Сепак, ова се „ситни“ пари за Садио Мане, кој во Минхен заработува околу 2 милиони евра месечно, па со само една недела работа ќе ја плати глобата.