четврток, 13 јуни 2024

Мандатот за состав на новата влада претседателката Сиљановска Давкова ќе го додели во понеделник

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката ја потврдуваат информацијата. Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба до Собранието да го достави составот и програмата на владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Новиот собраниски состав беше избран на конститутивна седница во вторникот. Истиот ден за претседател на Собранието беше избран Африм Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ