сабота, 27 јули 2024
Собрание на Македонија

Мандатарот системскиот закон го доставил пред полноќ, опозицијата не успеа да го симне од дневен ред

Мандатарот за состав на нова влада, во моментов и пратеник, Христијан Мицкоски, системскиот предлог-закон за реорганизација на владините министерства до Собранието го поднел синоќа како предлог по итна постапка, на што реагираа на денешната седница пратениците од Левица и СДСМ со барање да не биде во дневниот ред. Левица повтори дека на владејачкото мнозинство ќе им го пополни потребното двотретинско мнозинство доколку на дневен ред биде и предлог закон со кој наместо шест изборни единици, Македонија ќе се реорганизира во една изборна единица.

Објавено на

часот

Сподели

На дневен ред на седницата се предлог одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, како и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во тек на утврдување на дневниот ред не беа прифатени барањата на пратениците Сашко Јанчев од Левица и Оливер Спасовски од СДСМ да се повлечат предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Спасовски, образложувајќи го барањето рече дека не е дозволено по скратена постапка да се носи системски закон.

„Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ, дека не е дозволиво системски закон да се носи по скратена постапка, посебно закон којшто уредува зголемување на бројот на министерствата и агенции и нема ниту проценка на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон спротивен на деловникот и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред“, рече Спасовски.

Амар Мециновиќ од Левица во изјава за медиумите рече дека Мицкоски не го испочитува собранискиот деловник и спротивно на праксата за добро работење на Собранието синоќа, еден час пред полниоќ, го доставил текстот на предлог законот.

Според него, покрај прекршување на Деловникот ова покажува и несериозност во поглед на ваква обемна материја, но, вели, е во директна корелација со тоа што го изнеле како став кога првично текстот се доставил до пратениците.

„Покрај прекршување на деловникот ова покажува и несериозност како во поглед на ваква обемна материја и така и во поглед на пратениците“, рече Мециновиќ и потсети на условот од Левица за гласање на предлогот на мандатарот.

„Една изборна единица е и предлог на ОБСЕ/ОДИХР, тоа воопшто не е обемен материјал и за такво законско решение е многупати разговарано. Тоа ќе биде праведно законсо решене за да не се губат гласови од граѓаните, а партите да не бидат оштетени со изборните резултати“, рече Мециновиќ.

Предлог-законот накусо пратеничката група на владејачката партија го повлече заради технички пропуст и го врати во процедура.

Претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека расправа ќе има кога ќе се создадат деловнички можности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ