сабота, 27 јули 2024

Мандатарот сѐ уште не ги соопштува министрите на новата влада, некои веќе се знаат

Рокот за формирање на новата влада на владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ е 20 јуни. Мандатарот Христијан Мицкоски сѐ уште не објави ниту едно име од составот на новата влада, но Изет Меџити од Вреди веќе обзнани дел од имињата на идните функционери од неговата коалиција.

Објавено на

часот

Сподели

Изет Меџити вчераа потврди дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, а градоначалникот на Општина Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците Арбен Таравари министер за здравство.

Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. За вицепремиерското место за евроинтеграции деновиве треба да одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика, вели Меџити.

Мицкоски по добивањето на мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова најави дека главна цел на владата ќе бидат реформите, со цел придвижување на работите во економијата, силен инвестициски циклус, подобрување на состојбите во здравството, образованието, земјоделството…

„Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад“, вели Мицкоски.

Со измените на Законот за државна управа што беа изгласани викендот се овозможува да се спроведе најавената промена во организацијата на министерствата и агенциите и новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досегашната.

Со законските измени се предвидува кон Министерството за економија да се приклучи сегментот труд, а делот енергетика, рударство и минерални суровини да бидат под надлежност на новото Министерство за енергетика. Сегашното Министерство за труд и социјална политика прераснува во Министерство за социјална политика, демографија и млади, а ингеренциите за туризмот ќе бидат под новото Министерство за култура кое ќе гласи Министерство за култура и туризам. Ќе се формира министерство за дигитална трансформација кое ќе го наследи досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, како и Министерство за спорт.

Од ВМРО-ДПМНЕ можни министри ќе бидат Гордана Димитриевска Кочоска (министерка за финансии), Зоран Љутков (министер за култура и туризам), Борко Ристовски (министер за спорт), Сања Божиновска (министерка за енергетика), а се споменуваат и имињата на Панче Тошковски, Тимчо Муцунски, Александар Николоски… Од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ можни министери се и Љупчо Димовски (министер за политички систем) и Иван Стоиљковиќ (министер за односи меѓу заедниците и вицепремиер). Од ЗНАМ кандидат за министерството за правда е Весна Бендевска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ