Според новинарот Џанлука Ди Марцио, луѓето од фудбалската федерација на Саудиска Арабија веќе извесен период се во контакт со Манчини и во наредните денови би требало да му испратат и формална понуда која тешко дека ќе може да ја одбие.
Се верува дека на Манчини ќе му понудат сума од 18 милиони евра по сезона. Тој треба да потпише трогидшен договор, а тоа значи дека сумата која ќе ја добие за тој период изнесува 54 милиони евра.
Промената во италијанската репрезентација се случува пред нивниот меч против Македонија во Скопје закажан за 9. септември.