Тимот на Гвардиола во минатото коло со 2-0 победи на гостувањето кај Лестер, а тој триумф го искористи за зголемување на самодовербата, а тоа го покажа денеска против Вест Хем.
Резултатот беше отворен уште во 10. минута кога Цоуфал си даде автогол за водство на Сити од 1-0.
Во финишот од првиот дел Халанд по асистенција од Савињо даде гол за предност на граѓаните и од 2-0.
По десет минути игра во вториот дел, Халанд со мајсторски лоб зголеми на 3-0, а три минути подоцна Фоден даде гол за 4-0.
Во 71. минута Филкруг постигна почесен гол за Вест Хем поставувајќи ги конечните 4-1.
Челси поведе на гостувањето кај Кристал Палас уште во 14. минута со гол на Кол Палмер.
Сините ја имаа контролата, но успеаа да постигнат втор гол. Казната стигна во 82. минута кога Матета погоди за конечни 1-1.
Астон Вила со 2-1 го совлада Лестер, Брентфорд со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Саутемптон, Борнмут со 1-0 го победи Евертон.