четврток, 24 октомври 2024

Манчестер Сити со убедлива победа се пласира во финалето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Манчестер Сити потврди дека е многу поквалитетен тим од Урава Редс, победи со 3-0 и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство каде ќе игра против Флуминенсе.
 

Објавено на

часот

Сподели

Повторно екипи од Јужна Америка и Европа ќе се борат за трофејот од Светското клупско првенство.

Урава Редс одолеваше на Манчестер Сити до првата минута од судиското продолжение кога Хоибратен си постигна несреќен гол за водство на европскиот шампион од 1-0.

По седум минути игра Ковачиќ даде гол за водство на Манчестер Сити и од 2-0. Веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој дуел, ако воопшто имаше и дилеми за такво нешто.

Седум минути подоцна Бернардо Силва ги постави конечните 3-0 за Манчестер Сити.

Англискиот тим против Флуминенсе ќе игра во финалето. Бразилскиот тим синоќа со 2-0 беше подобар од Ал Ахли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ