сабота, 27 јули 2024

Манчестер Сити со пресврт до победа кај Кристал Палас (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 4-2 славеше на гостувањето кај Кристал Палас, домаќините поведоа, но не успеаа да направат изненадување.

Објавено на

часот

Сподели

Кристал Палас дојде до водство уште во третата минута со гол на Матета, но само десет минути подоцна Де Брујне даде убав гол за изедначување на 1-1, со тој резултат се замина на одморот.

По само две минути игра во второто полувреме Рико Луис погоди за комплетен пресврт и водство на Манчестер Сити од 2-1.

Во 66. минута Халанд даде гол за 3-1, а четири минути подоцна Де Брујне погоди за убедлива предност на Сити од 4-1.

Конечните 2-4 ги постави Едуард во 86. минута од натпреварот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ