петок, 18 октомври 2024

Манчестер Сити со луд пресврт ја победи Астон Вила и стана шампион на Англија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Кога се чинеше дека Манчестер Сити ќе киксне, тимот на Пеп Гвардиола се разбуди, се врати од два гола негатива, победи и ја освои титулата.
 
Астон Вила поведе со гол на Кеш во 37. минута, а Кутињо во 69. минута зголеми на 2-0 за гостите.
 
Манчестер Сити се мачеше да создаде шанса, па во тие минути се чинеше дека ќе кикснат и погледите беа свртени кон Ливерпул кој играше со Вулвс.
 
Но во 76. минута Гундоган намали на 1-2 и го врати Манчестер Сити во игра, само две минути подоцна Родри погоди за 2-2, а во 81. минута Гундоган постигна уште еден гол за комплетен пресврт и победа од 3-2.
 
Триумф кој значеше нова титула во Премиерлигата за Манчестер Сити.
 
 
Ливерпул си ја заврши својата задача, го победи Вулвс со 3-1, но тоа беше триумф кој ништо не вредеше.
 
Нето даде гол за водство на Вулвс од 1-0, Мане изедначи на 1-1 во 24. минута, тоа беше резултатот од првиот дел.
 
Салах погоди во 84. минута за пресврт и водство од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Робертсон во 89. минута.
 
Во битката за четвртото место, Тотнем не дозволи сензација, со убедливи 5-0 го победи Норич и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
 
Арсенал со 5-1 го совлада Евертон, но триумфот не им вредеше многу бидејќи не дочекаа кикс на соседот од Северен Лондон.
 
Лидс се избори за опстанок во Премиерлигата откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Брентфорд. Барнли ќе оди во Чемпионшип откако на свој терен со 2-1 загуби од Њукасл.
 
Манчестер јунајтед со 1-0 загуби кај Кристал Палас, Лестер со 4-1 го победи Саутемптон, Челси со 2-1 славеше над Ватфорд, Брајтон со 3-1 беше подобар од Вест Хем.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ